ЕП ракомет: Младинската селекција на Македонија ремизираше со Австрија


Македонската младинска ракометна репрезентација против Австрија одигра без победник (20:20) во решавачкиот меч од групната фаза. Овој резултат не им оди во прилог на македонските ракометари, кои така ќе играат за пласман од 9 до 16-место.

Македонија имаше напад за победа, водеше со плус 3 во 48-та минута и најважно го имаше расположениот Галевски, кој впиша 15 одбрани.

Прв стрелец беше Узунчев со осум гола од десет обиди, зад него беше Белистојановски со пет погодоци од десет обиди.

Ракометарите на Македонија со реми и четири бодови ја завршија првата фаза од турнирот на третото место, па во следниот период ќе разигруваат за пласман од деветто до 16. место.

- Реклама -