Ентериери од модните дизајнери

Модните дизајнери веќе одамна ги диктираат не само трендовите на модните писти туку и во уредувањето на внатрешните ентериери.

Погледнете ги колекциите на мебел и аксесоари за домот на познатите светски брендови!

Hermes

Колекцијата на Hermes насловена како La Maison вклучува текстил, тапети, бои и лакови, керамика и мебел. Лаконските форми и природните материјали се основа на стилот од минатиот век кој се промовира во колекцијата.

hermes hermes1 hermes2

Sonia Rykiel

Францускиот бренд е фокусиран на текстилот во домот претпочитајќи цветни мотиви и принт од линии во сите бои.

sonja sonja1 sonja2

Missoni

За Missoni Home оваа година е јубилејна. 30 годишната историја на овој бренд им дозволи да ја прошират својата дејност на повеќе континенти. Актуелноста на принтовите кои ги нудат е неоспорна.

misoni misoni1 misoni2

Ralph Lauren

Модната куќа Ralph Lauren посебен акцент му дава на луксузот во уредувањето на ентериерите. Освен мебел, на своите клиенти им нуди часови по уредување, како и можносот за создавање на сопствено он-лајн портфолио според кое се нуди оптимално решение за уредувањето на ентериерот според личните желби и потреби.

ralf ralf1 rals2

Versace

Веќе две децении наназад Versace реализира голем број на ексклузивни проекти како насока во изборот на изгледот на ентериерот. Неокласицизмот се јавува како главен мотив, а црно – златната комбинација се јавува како примарна во дизајнирањето на ентериерите.

versace versace1 versace2

 

- Реклама -