Едноставен, живописен и весел се зборовите со кои може да се опише шпанскиот стил во уредувањето на ентериери. Тој во себе истовремено комбинира елементи од неколку култури.
Хармоничните и истовремено контрасни композиции се всушност смели решенија да се постигне длабочината на шпанскиот карактер. Во шпанскиот декор нема место за минимализам поради што сите полици, софи и секој останат детал од мебелот треба да бидат одраз на богатото искуство. Дрвениот мебел и витражните стакла се императив, а ткаенините освен прозорците ги украсуваат и столовите и креветите.