Дизајнерската компанија Snøhetta позната со новите уникатни норвешки банкноти , има нов предлог – куќа која изгледа целосно подготвена за иднината.
Проектот “ZEB куќа” претставува заедничка иницијатива помеѓу Snøhetta и Центарот за згради со нулта емисија (ZEB).
Изградена во гратчето Ларвик, Норвешка, оваа малку наведната куќа не само што е “нула”, туку е дури и “плус куќа” – со други зборови, таа произведува повеќе енергија отколку што конзумираме. Потпрениот покрив е опремен со фотоволтаични ќелии, кои собираат соларна енергија. За возврат таа ги напојува сите во куќата, а дополнителната енергија оди за едногодишно полнење на електричен автомобил. Освен тоа самата куќа располага со пространи внатрешни простории и всушност е доста погодна за секојдневно живеење.