Енди Мареј се збогува од тенисот по Олимпијадата во Париз


Британскиот тенисер Енди Мареј објави дека ќе се пензионира по Олимписките игри во Париз.

Триесет иседумгоишниот сопственик на два олимписки златни медала на социјалните мрежи објави дека Париз ќе биде последниот турнир во неговата кариера.

„Пристигнав во Париз на мојот последен тениски турнир. Натпреварувањето за Британија беше убедливо најнезаборавните денови во мојата кариера и јас сум исклучително горд што го правам тоа за последен пат“, напиша Мареј на социјалната мрежа Х.

Мареј освои златни олимписки медали во поединечна конкуренција во Лондон (2012) и Рио де Жанеиро (2016), а исто така го има и сребрениот медал во Лондон во комбинација со Лора Робсон.

Британецот освои 46 турнири во кариерата, вклучувајќи три Грен-слемови – два Вимблдона (2013, 2016) и еден УС Опен (2012). Момина 41 седмица на врвот на АТП-листата.

Во Париз, негови петти Олимписки игри, ќе се натпреварува во сингл и во двојки.

- Реклама -