Еминем со видеоспот објави дека ќе стане дедо

Американскиот музичар и продуцент Маршал Метерс, попознат како Еминем, објави дека неговата ќерка Хејли Џејд Метерс го ​​чека своето прво дете, и тоа преку новиот спот за песната „Temporary“, во којшто учествува и Скајлар Греј.

Во видеото, Хејли, инаку исто така музичка уметница и водителка, на татко си му дава син дрес од Детроит Лајанс со број 1, а наместо име е натпис „Дедо“ на грбот. Зачудениот рапер потоа држи и слика од ултразвук…

Музичкото видео содржи монтажа на домашни видеа од детството на Хејли Џејд и младоста на Еминем надградени со снимки од нејзината неодамнешна венчавка со Еван Меклинток.

Набргу по објавувањето на видеото, Хејли на Инстаграм објави низа слика од ултразвук, со порака дека бебето треба да се роди следната година. Таа и Меклинток се заедно од 2016 година. Се свршија во февруари 2023 година, а в брак се од мај.

- Реклама -