Mажите губат половина година, чекајќи ги жените

Просечно, мажите минуваат 22 недели чекајќи ги своите девојки или жени додека тие пробуваат парчиња облека во гардероберот или се на шопинг, повеќе од една недела седат во автомобилот и ја чекаат партнерката да се
појави, што 61 отсто од мажите ги прави многу нервозни.

Истражувањето во кое биле вклучени 1.000 мажи го спровела интернет-страница за шопинг во Велика Британија.

Податоците покажале дека чекањето толку може да ги изнервира мажите што тие често се спремни и да  стават крај на врската.

– Сите сме изненадени од податоците што покажаа колку навистина ги чекаме жените – изјавил портпаролот на веб-страницата.

Меѓу податоците што биле добиени се вели дека мажите најчесто им се реваншираат на жените со тоа што, додека ги чекаат, постојано гледаат во други жени.

- Реклама -