Просечно, мажите минуваат 22 недели чекајќи ги своите девојки или жени додека тие пробуваат парчиња облека во гардероберот или се на шопинг, повеќе од една недела седат во автомобилот и ја чекаат партнерката да се
појави, што 61 отсто од мажите ги прави многу нервозни.
Истражувањето во кое биле вклучени 1.000 мажи го спровела интернет-страница за шопинг во Велика Британија.
Податоците покажале дека чекањето толку може да ги изнервира мажите што тие често се спремни и да стават крај на врската.
– Сите сме изненадени од податоците што покажаа колку навистина ги чекаме жените – изјавил портпаролот на веб-страницата.
Меѓу податоците што биле добиени се вели дека мажите најчесто им се реваншираат на жените со тоа што, додека ги чекаат, постојано гледаат во други жени.