Во суштина и не постои лошо време. Времето може да биде лошо само во некакви екстремни ситуации кога буквално се бориш да преживееш. Сé друго е само различни типови клима и соодветна облека. Тоа што секој си има свои преференци – си е башка: некои сакаат сонце, други сакаат сиви облаци и капки дожд да им се слеваат по прозорците (стварно има такви?).
За тие што уште не избегале од Македонијава, еве еден мал водич со бројот на сончеви денови по град. Чисто за да знаете на кај да терате.
Мурманск, Русија – 76 дена
Валенсија, Шпанија – 300 дена
Њујорк, САД – 184 дена
Акапулко, Мексико – 338 дена
Лондон, Велика Британија – 142 дена
Келн, Германија – 65 дена
Владивосток, Русија – 269 дена
Лас Вегас, САД – 320 дена
Куритиба, Бразил – 116 дена
Москва, Русија – 114 дена
Антананариво, Мадагаскар – 291 дена
Токио, Јапонија – 197 дена
Канарските Острови, Шпанија – 294 дена
Бирмингем, Англија – 62 дена
Тел Авив, Израел – 330 дена
Алмати, Казахстан – 282 дена
Асуан, Египет – 322 дена
Торсхавн, Данска – 37 дена
Аделејд, Австралија – 224 дена
Пекинг, Кина – 228 дена
Агадез, Нигер – 290 дена
Фогиа, Италија – 330 дена