Ембиид се надева дека ќе игра на Олимпијадата во Париз


Центарот на Филаделфија 76ерс, Џоел Ембиид сè уште се опоравува од повредата на левото колено, но тој изјави во петокот вечерта пред четвртиот натпревар од финалето на НБА, дека се надева оти ќе игра за селекцијата на САД на Олимписките игри во Париз.

Најкорисниот играч во сезоната 2022/23 одигра 39 натпревари во регуларниот дел од сезоната 2023/24, откако ги повреди колената поради што мораше да биде опериран.

„Се чувствувам одлично. Само што се подготвувам за Олимпијадата. Ќе биде големо за мене бидејќи сонував за тоа уште кога бев дете. Возбуден сум поради тоа”, изјави 30-годишниот Ембиид на ABC News натпреварот меѓу Далас Маверикс и Бостон Селтикс.

Ембиид е на списокот на САД заедно со Бама Адебајо од Мајами Хит и Ентони Дејвис од Лос Анџелес Лејкерс.

Ембиид, исто така, имаше право да игра на Олимпијадата за неговиот роден Камерун или за Франција. Сепак, во октомври реши да игра за САД бидејќи неговиот син е роден во таа земја.

Ембиид се повреди во судир со напаѓачот на Голден Стејт Вориорс, Џонатан Куминг на 30 јануари. Тој беше опериран на 6 февруари.

Седумкратниот Ол-стар имаше просек од 35,3 поени, 11,3 скока, 5,7 асистенции и 1,8 блокади на 34 натпревари пред повредата.

- Реклама -