Елка висока 20 метри падна врз три лица во Белгија, една жена почина (ВИДЕО)

Жена загина откако вчера на божиќниот саем во градот Однаарде во Белгија, на околу 50 километри западно од Брисел, врз неа паднала елка висока 20 метри, објавија тамошните медиуми.

Градоначалникот на Оденаарде, Марник Де Меулеместер изјави дека обилните дождови и силните ветрови го урнале огромното дрво. Елката паднала врз три лица, од кои една жена (63) поради тешките повреди, набргу починала в болница.

Според очевидци, дрвото силно се нишало на ветрот пред да падне долу.

Не е јасно дали огромното, празнично украсено дрво било лошо обезбедено. Местото на несреќата е опколено, а надлежните вршат увид.

Прочитајте и:  Еве неколку предлози:- Денес горештина до 38 степени; утре локални невремиња.- Денес жега до 38 степени, утре нестабилно со пороен дожд и грмежи.- Денес пеколно топло до 38 степени, а утре на места невреме.- Денес температури до 38 степени; утре попладне локални невремиња.- Денес жешко, утре на повеќе места краткотрајни невремиња.