Елен соборил хеликоптер…

Некаде во планините на истокот на Јута, канадски елен успеал да собори хеликоптер додека екипажот се обидувал да го фати.

Додека екипажот од хеликоптерот се обидувал да го улови во мрежа за потоа да му стави локатор за следење, еленот (се работи за северен елен од видот „wapiti“, на англиски викан „elk“) скокнал и го закачил задниот ротор на хеликоптерот кој летал на околу 3 метри над земјата.

При падот на хеликоптерот никој од екипажот не е сериозно повреден, но еленот загинал.

Хеликоптери често се користат за следење на животни, ама ваков случај досега во Јута немало.

- Реклама -