Калифорниската компанија Sondors ветува секси трицикл на струја.
Автомобилските производители се натпреваруваат да испорачаат што е можно поевтин електричeн модел на пазарот, но нивните цени остануваат високи, дури и по лансирањето на Chevrolet Bolt и Tesla Model 3 во САД. Сепак, ова може да се промени со помош на калифорниската компанија Sondors, основана од инвеститорот Бура Саундерс. Тој ветува трицикл електромобил со базна цена од 10.000 долари.
Секако, има и ризик – за да започне со производство на автомобилите, компанијата треба да собере 1 милион долари, а Саундерс се надева дека парите ќе дојдат од клиентите, односно тие ќе плаќаат според системот „припејд“ за возилата. Трициклот на Sondors нуди место за тројца патници, а каросеријата е од алуминиум. Според компанијата, трициклот поседува „секси карактеристики“, што е адут против „скапите електрични изведби“, кои се достапни на пазарот. Техничките податоци на електричниот модел се уште не се познати.
Сепак, од Sondors потврдија дека компанијата планира да ги користи веќе постоечките технологии за својот електромобил што ќе ги намали трошоците и времето за развој на моделот, а ќе овозможи пониски цени. Батериите кои Sondors планира да ги користи се литиум-јонски, а електромобилот ќе се нуди три варијанти на автономија 80, 161 и 322 километри, во зависност од полнењето.