Ова вовче во забавен парк има уши и е забавно за целото семејство. Но она што се крие под веселиот екстериер е врвна технологија, електричен систем кој му овозможува да се движи низ Сеул Гранд Парк на начин кој не и штети на животната средина.
Возилото наречено Online Electric Vehicle – или накусо OLEV – се движи по сина линија под која се наоѓаат закопани ленти за полнење на батериите. OLEV се полни преку овие безконтактни магнетни полиња сместени под површината на патот. Опремата потоа ја распределува енергијата или во моторот на возилото за погон или во батериите за складирање.
OLEV возилата ги замениле старите возила на дизел погон со кои посетителите се движеле низ паркот во Гвачеон, Јужна Кореја. Возилата, од кои секое влече по три вагони, биле претставени во понеделникот на официјална церемонија. Овој потег се надоврзал на успешното тестирање на протип кое било извршено минатата година.
Системот бил развиен од Корејскиот Напреден Институт за Наука и Технологија. На OLEV возилата им е потребна патерија која е само 20 проценти од големината на оние кои се наоѓаат во обичните електрични возила. Оваа мала големина ја елимира потребата за долги полнења. Научниците поставиле ленти за полнење со вкупна должина од 400 метри на четири делови од патеката.