Електрична енергија од одвод

БродбентНекои од најголемите откритија во историјата се направени случајно. Огнометот, микробрановата печка, и неколку прехранбени производи се нус појава на други активности. Но, кој би помислил дека од водата во одводите може да се произведува електрична енергија.

Некои од најголемите откритија во историјата се направени случајно. Огнометот, микробрановата печка, и неколку прехранбени производи се нус појава на други активности. Но, кој би помислил дека од водата во одводите може да се произведува електрична енергија.

Том Бродбент, студент по индустриски дизајн од универзитетот Де Монтфорт во Лечестер, Велика Британија дизајнирал турбина која го претвора одводот во електрична енергија. Идејата за неговиот изум, HighDro Power, ја добил кога празнел када за време на престој во хотел и забележал колку брзо и со колкава сила истекла водата. Испорабал неколку дизајни за искористување на кинетичката енергија, за на крај да ја создаде оваа четирикрака турбина поврзана за мал генератор.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Бродбент

Со сериска инсталација во високи згради, оваа направа може да создаде пристојни количини на електрична енергија која може да се користи во зградата или да се врати во мрежата. Првичната проценка е дека седумкатна зграда опремена со HighDro Power може да заштеди околу 1000 долари годишно од сметките за електрична енергија.

Бродбент ја пријавил направата во неколку натпревари за дизајн, каде што може да добие популарност или дури и финансирање за почеток на комерцијално производство. Најверојатно во иднина и овој изум ќе биде едно од оние „случајни“ откритија како микробрановата печка. [Toilet Tech: A Power Generator Turns Falling Wastewater Into Electricity]

- Реклама -