На саемот за автомобили во Женева, компанијата Qoros го промовираше новиот 3 Hatch, но Кинезите во Швајцарија не претставија само автомобил.
Премиерно беше презентиран и eBIQE, концепт за електричен велосипед. Велосипедот е конструиран во соработка со компаниите Greyp Bikes и Rimac Automobili а се произведува во Хрватска.
Електричниот велосипед може да се вози на три начини: без и со помош од електро-моторот, како и возење само на електричен погон.
Кога возите со вклучен електричен мотор, постојат два начини на работа, првиот е со брзина ограничена на 25 km/h, а вториот со 65 km/h. Qoros eBIQE постигнува брзина од 25 km/h за две секунди, а до максималните 65 km/h забрзува за осум секунди.