Ако сакате да се ослободите од вашиот автомобил, новиот Scorpion fs 26 S-Pedelec електричен трицикл на HP Velotechnik е совршена замена.
Покрај огромното име, овој велосипед со електричен мотор може да постигне брзина од 45 километри на час а притоа може да биде склопен за сместување во мал простор. Велосипедот ќе биде достапен идната година за цена од 7.500 долари – сума која за жал е доста висока и би можела да ви обезбеди евтин автомобил.
Сепак, за таа цена добивате елементи кои можете да ги најдете и на автомобил, како на пример хидраулични диск сопирачки, електричен стартер кој ќе го придвижи велосипедот до околу 6,5 километри на час со само допир на едно копче и амортизација која ќе може да се справи и со најлошите патишта.
Дополнителен бонус е што за овој трицикл не е потребно гориво бидејќи истиот се полни за неколку часа од домашна електрична мрежа а наоѓањето на место за паркирање никогаш нема да ви биде проблем бидејќи едноставно можете да го склопите и да го внесете во вашата канцеларија.