Елегантни и провокативни тексас фустани

Тексас фустаните се актуелни оваа пролет, а можете да ги комбинирате на различни начини. Со маица, џемпери и различни додатоци можете секогаш да изгледате различно во исти фустан.

Краток или долг, тексас фустанот е парче кое оваа пролет секако морате да го имате во вашиот гардеробер, доколку сакате да бидете во тек со трендовите. Најважно е да изберете модел и крој кој што одговара на вашата фигура, а потоа можете да го комбинирате на различни начини. Да го носите со маица, џемпери, како и различни модни доадатоци. Практично, во истиот фустан секогаш можете да изгледате различно.

– Мини тексас фустан со долги ракави може да се носи со плетен ремен во топла браон боја и сандали со платформа.

1

– Краткиот фустан од темен тексас со руска крагња одлично се вклопува со ремен и чанра во боја на коњак и со високи потпетици.

– Мини здолниште и корсет му даваат посебна магија на фустанот од светлосин тексас идеален за вечерно излегување.

– Краток фустан од темносин тексас, можете да го носите со кратки чизми на високи потпетици.

– Во темносин ѕвонаст мини фустан со пресек на половината ќе изгледате сексипилно иако сте закопчани до грло.

2

– Мини фустан со асиметричен крој од избелен тексас одлично се вклопува со чизми со отворени прсти и кожна алка.

– Интересно кроен фустан од светлосин избледен тексас со три четврт ракави го открива грбот и е совршен за фигурата.

HTB1_hxhGpXXXXaCXFXXq6xXFXXXf

- Реклама -