Кичевецот Шеќерим Алиу кој од Чикаго објавува аудио бомби за ДУИ се закани по безбедноста на семејствата на Али Ахмети и негови соработници откако некој од опкружувањето на лидерот на ДУИ наводно “ја допрел” тригодишната внука на Ел Чека.
“Допревте едно 3-годишно девојче, ја допревте мојата внука како што ми се заканивте, сега не очекувајте добро однесување, не очекувајте културни зборови, се гледаме о Али, се гледаме о Исмет, ќе се видиме и со вашите семејства”, пишува Ел Чека на Фејсбук и најавува пресметка во која би можеле да настрадаат семејства на членови на ДУИ.
Најавите на Ел Чека звучат сериозно затоа што тој тврди дека е поврзан со Кумановската група која уби 8 македонски специјалци во Диво Насеље.