Ако мислите дека вашата спална соба изгледа досадно или едноставно сакате да ја освежите со некој новитет, а ви недостасува инспирација, тогаш кликнете на интро сликата за да ги разгледате овие навистина креативни кревети.
Private cloud креветот наликува на огромна столица за нишање, односно кревет кој може да се ниша. Иако зафаќа голем дел од просторот во спалната соба, ветува неверојатно искуство.
The feel seating system е кревет кој ви овозможува да го „моделирате“ по ваша желба. Направен е од 120 фабрикувани топки, кои гледани заедно ја даваат молекуларната структура, основата на сите нешта кои не опкружуваат.
BedUP е креветот кој може да се најде во две функции. Денски е дел од вашиот плафон, а ноќе ја има основната функција на секој кревет. Спуштањето се врши со помош на мини-лифт во кој ја впишувате саканата висина до која сакате да се спушти. Идеално решение за сите на кои им недостасува простор во домот.
Bookcase/bed е кревет-трансформер, кој од ѕидна полица се претвара во кревет. Поставен на ѕид, изгледа како дводелна полица, а кога ќе посакате да легнете деловите едноставно се спојуваат, формирајќи кревет. Неверојатно!
Пребарувањето на интернет, гледањето филмови или слушањето музика добиваат сосема нова димензија со Hi-Can. Тоа е модерно дизајниран кревет со кој ви се достапни сите нови информации од моментот кога ќе ги отворите очите. Гарантирано нема да сакате да станете од кревет!
Следат неколку кревети кои можат да се претворат во луксузни парчиња мебел. Иако сите задоволуваат иста намена, секој од нив восхитува со својот единствен дизајн.
The Scoop! е кревет со округла форма, кој може да се подели на два дела со што добивате дводелна елегантна софа.
Она што навидум изгледа како обична софа, за неколку минути може да се претвори во кревтече на спрат.
Дали некогаш сте посакале да имате кревет кој левитира? Тогаш Lago Fluttua bed е совршено решение за Вас. Илузијата дека овој кревет лебди е лесно изведена со помош на рамка, со која креветот е закачен за ѕид.
The computer bed е навистина рационален кревет кој прави одлична заштеда на простор меѓу работната маса и местото за одмор. Кога ќе се разбудите, едноставно склопете го креветот и добивате биро.
Редовно гледате телевизија пред да заспиете? Тогаш RUF-Cinema Bed е иделано решение за Вас. Содржи вграден телевизор кој едноставно „излегува или влегува“ во креветот со притискање на одредено копче од далечинскиот управувач.
Zoom-room е кревет кој е навистина невидлив за човечкото око. Креветот се вградува во еден од плакарите во спалната соба, а работи со помош на далечински управувач. Изгледа многу софистицирано во споредба со обичните ѕидни кревети.