Пожарникари од Јоркшир поминале без сериозни повреди неодамна откако две куќи експлодирале на само неколку метри од местото каде што стоеле. Тимот бил повикан да изгасне навидум мал кујнски пожар, но кога пристигнале тие нашле неколку мали пожари во ред од шест куќи. Храбрите пожарникари од West Yorkshire Fire and Rescue Service евакуирале 30 луѓе (двајца од кои биле на вториот кат) по што почнале да го гаснат огнот.
Но само неколку секунди откако луѓето биле однесени на безбедно растојание, масовна експлозија ги уништила домовите, делумно рушејќи две куќи и предизвикувајќи голема штета на останатите четири. Делови од ѕидот и предните врати летнале кон пожарникарите но за среќа само еден од нив се здобил со мали исекотини и бил однесен во болница.
{youtube}k1B1yBeEox8{/youtube}
Истрагата покажала дека огнот и експлозијата не биле предизвикани од кујнски оган, туку до нив дошло откако крадци се обиделе да пресечат бакарен кабел и го оштетиле доводот на природен гас. Претставник на противпожарната служба изјавил: „Ако куќите експлодирале само неколку секунди проано, не се сомневам дека сопствениците и пожарникарите ќе беа убиени или сериозно повредени. Не смее да се потцени колку беше опасна ситуацијата. За среќа сопствениците не ги загубија своите животи“. [Blast footage prompts warning]