Екс-премиер на Русија: Нападот врз Кремљ беше наместен, очекувајте уште нешто следниве денови

Поранешниот руски премиер, Михаил Касјанов, кој функцијата ја извршуваше за време на првиот претседателски мандат на Владимир Путин, од 2000 до 2004 година, смета дека вчерашниот напад врз Кремљ бил „исценирана операција“.

Во интервју за Скај Њуз, Касјанов оцени дека Русија го организирала нападот, а целта, според него, била да се поттикнат руските граѓани повеќе да се пријавуваат во руските вооружени сили.

„На Путин ова му требаше пред Денот на победата“, изјави Касјанов, алудирајќи на годишното одбележување на победата на Русија против нацистите.

Касјанов ја напушти Русија минатата година и сега е многу критичен за активностите на Кремљ во Украина, и покрај тоа што некогаш тесно соработуваше со Путин.

Прочитајте и:  Министри на ЕУ членки: Путин продава лаги за руската економија, која со „советизацијата“ оди кон пропаст

Интересно е, посочува тој, што Москва е подготвена да ја обвини Украина за наводниот напад со дрон, иако со тоа автоматски признава дека дозволила и украинските беспилотни летала можат да стигнат до Кремљ.

Дополнително, Касјанов предупреди дека треба да се очекува уште нешто од Москва во наредните денови, односно уште една провокација.

Извор: МИА

- Реклама -