Еколошкото село од пластични шишиња на Панама

plastic-bottle-village3-600x419

Феноменот „Село од пластични шишиња“, кога би добил доволно голема популарност, може да се покаже како правото решение што може да ја спаси планетата од тоа да се „удави“ во пластика.

plastic-bottle-village-600x343

Се работи за планирана населба во Панама на површина од 83 акри (33.5 хектари) која, како што кажува самиот наслов, е целосно изградена од употребени пластични шишиња. Во првата етапа од проектот беа искористени преку 10.000 пластични шишиња, а целокупниот проект ќе вклучува 120 домови со различни големини.

plastic-bottle-village5-600x350

Процесот на изградба почнува со поставување на рамки од метална арматура, кои потоа се полнат со пластични шишиња. Кога овој чекор е завршен и се инсталирани различните електрични и водоводни инсталации, пластичните ѕидови се обложуваат со бетон, и одвнатре, и однадвор.

plastic-bottle-village2-600x350

Готовиот дом изгледа како и секој обичен дом, и никој не може да препознае дека ѕидовите се од пластика. Дополнително, ваквиот необичен избор на градежен материјал ќе ја одржува температурата на домовите за 17 степени пониска од таа надвор. Куќите имаат и септички систем, стандардни прозорци, врати и надворешна стаза.

plastic-bottle-village6-600x400

Селото е идеја на Роберт Безеу, кој се преселил во Бока од Канада пред многу години, со намера да постави неколку еколошки проекти. Имајќи ја воспоставено програмата за рециклажа од 2012, кога била собрана огромна количина пластични шишиња, Безеу почнал да размислува како истите да бидат употребени. Така, наскоро добил идеја да ги искористи за градење куќи, па ја смислил и основата на градежната конструкција. Денес, како дел од проектот, соработува со врвни архитектонски фирми ширум Панама.

Во светот се фрлаат 22.000 пластични шишиња секоја секунда. Се разбира, сите овие шишиња не можат да бидат искористени за изградба на домови во Панама, но проектот се стреми да го ублажи нивниот ефект и да ја подигне свеста за огромниот отпад што шишињата го создаваат.

- Реклама -