ЕК бара усогласување на „Епл ајПадОС“ со обврските од Законот за дигитални пазари на ЕУ

Европската комисија бара од компанијата „Епл“ да обезбеди усогласеност на неговиот оперативен систем „ајПадОС“ со сите релевантни обврски согласно Законот за дигитални пазари на ЕУ (DМА), откако тој во април годинава беше вклучен на листата на основни платформски услуги на блокот.

Како што соопшти денеска ЕК, „Епл“, меѓу другото, мора да им дозволи на корисниците по сопствен избор да го постават стандардниот веб прелистувач на „ајПадОС“, како и да им овозможи пристапуваат до функциите на системот на уреди набавени од конкурентите.

Барањето на Комисијата следи откако „Епл“ во петокот објави извештај со детали за мерките што ги презел за усогласување на „ајПадОС“со ДМА.

– Комисијата сега внимателно ќе процени дали мерките усвоени за „ајПадОС“ се ефикасни во усогласувањето со обврските од ДМА. Доколку заклучи дека решенијата на „Епл“ не се во согласност со ДМА, Комисијата ќе преземе формални мерки како што е предвидено во Законот, се додава во соопштението.

- Реклама -