„Егзит“ награден за најдобар европски фестивал

exit_festival_Новосадскиот фестивал „Егзит“ доби награда за најдобар европски фестивал, која ја доделува британскиот „Festival Awards 2007“, во соработка со Европската асоцијација на 40-те најголеми фестивали во Европа.


exit_festival_1Новосадскиот фестивал „Егзит“ доби награда за најдобар европски фестивал, која ја доделува британскиот „Festival Awards 2007“, во соработка со Европската асоцијација на 40-те најголеми фестивали во Европа.

Гласовите од публиката беа единствен критериум за наградата, која беше врачена на свечена церемонија во Лондон на претставниците на „Егзит“, Ивана Миливојева и Константин Ползович.

Во конкуренција за најдобар европски фестивал беа „FIB Benicassim“ (Шпанија), „Roskilde“ (Данска), „Hultsfred“ (Шведска), „Les Eurockeennes de Belfort“ (Франција), „Pinkpop“, „Lowlands“ (Холандија), „Quart Festival“ (Норвешка), „Pukkelpop i Rock Werchter“ (Белгија).

За номинираните по пат на Интернет гласаше фестивалската публика од целиот свет.

Наградата на британскиот „Festival Awards" се доделува по четврти пат, а во категоријата за најдобар европски фестивал е доделена за прв пат оваа година. виа.

- Реклама -