Егоров и Рељиќ денес настапуваат на Олимписките игри во Париз


На Олимписките игри во Париз денес ќе настапат двајца македонски натпреварувачи.

Во борење слободен стил категорија до 57 килограми ќе се појави Владимир Егоров. Тој ќе има борба со Аман Шерават од Индија. Почетокот на борбата е околу 11:30 часот

Во таеквондо, категорија до 57 кг, нашата Милјана Рељиќ ќе се соочи со олимписката шампионка Џејд Џонс од Велика Британија.

Почетокот на борбата е во 12 часот.

- Реклама -