Ефтин трик за поголеми гради

Нема потреба да навлегуваме во причините за опседнатоста со женските гради. Таа е насекаде, диктирана пред се од шоу-бизнисот, всадувајќи ни илузии дека поголемото е и подобро. Оттаму, желбата на припадничките на поубавиот пол одвреме-навреме да не прелажат во врска со нивниот „раскош“ е тешко подложна на критика.

Постојат повеќе методи за зголемување на градите; разни техники на масажа, суплементи и креми за зголемување, градници за подигнување и, секако, импланти. Сепак, овие методи бараат посвета и време, можат да предизвикаат неудобност, можат да предизвикаат здравствени ризици, а ако ништо друго, доаѓаат со солени цени.

Тогаш, зошто да не бидете итри и духовити и да ја искористите облеката за саканата цел? Следново парче додава визуелен волумен за само миг, ефтино е и удобно. Единствениот минус е што ефектот е привремен. Но, зарем горенабројаните не се? Барем нема да морате да ги наместите градите во некоја непријатна положба само за да задоволите нечија површна љубопитност.

bbs

- Реклама -