Папата Франциск дојде и остави еден куп пораки, но главната од неговата посета, како што порача премиерот Зоран Заев, а и според новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, е помирувањето, мирот и заедништвото во нашето општество.
Ефектот, макар и индиректен, се чини, се виде уште пред Папата да си замине. Додека неговиот авион таксираше на пистата на скопскиот аеродром подготвувајќи се да полета, „лутите ривали“ Иванов и Заев, приморани да стојат еден до друг, разменија повеќе муабет (од 13-та минута во видеото) отколку вкупно во изминативе години што сме ги виделе во јавност. Се чини нема ривалство што 10-тина минути неудобна тишина не можат да го скршат.