Често ви се случува да отидете до некоја соба и заборавите зошто сте таму? Можеби е време да поработите на меморијата.
Најновото истражување, објавено во книгите за криминална психологија, го потврдува постоењето на еден едноставен трик со кој за само 30 секунди ќе можете да ја појачате меморијата, па и да се присетите на најситните детали што секојдневно ги заборавате.
Во експериментот учествувале лица на возраст меѓу 20 и 60 години, а задачата им била да погледнат краток филм и потоа да се присетат на што повеќе детали. Едната половина од испитаниците требало да одговори веднаш, со отворени очи, додека другата требало да ги затворат очите на 30 секунди па дури тогаш да одговорат на истото прашање.
Членовите на втората група, кои ги одморале очите, успеале да набројат речиси 30% повеќе детали од филмот, и тоа неколку пати по ред, вклучувајќи звучни ефекти, па и дел од конверзацијата.
Експертите велат дека објаснувањето е едноставно. Имено, кога ги затворате очите го исклучувате мозокот од надворешните влијанија кои ви пречат во размислувањето. На тој начин, мозокот станува пофокусиран исклучиво на задачата која му е поставена во моментот.
Па така, следниот пат кога ќе заборавите каде ви се клучевите, документите или адресата на која треба нешто да испратите, затворете ги очите за момент и оставете го мозокот детално да „пребара“ по меморијата.