Едноставен трик кој ќе за задржи топлината во вашиот дом

Ниските температури знаат да нанесат тежок удар на буџетот и сметките за струја. А која е алтернативата- замрзнување? Носење ракавици, дебели чорапи и капа во кревет? Не мора да биде така.
Постои навистина, ама навистина едноставен и лесен начин како да направите дома да ви биде потопло и да заштедите пари.

Навиткајте пешкир за на плажа или облека која не ја користите, и наполнете ги со неколку парчиња ткаенина (за уште подобра изолација, внатре можете да ставите и стари весници). Така завиткани ставете ги под вратата или прозорецот низ кој забележувате струење и проток на студен воздух.

Поради овие „пукнатини“ можете да изгубите 30 проценти од топлината во домот, а овој едноставен трик ќе направи голема разлика!

- Реклама -