Едногласно изглacaн Законот за ратификација за членство во НАТО, знамето на Алијансата се развеа пред Собранието (ВИДЕО)

Со 114 гласа „ЗА“ и ниту еден против или воздржан, Собранието го донесе Законот за ратификација на членството на Северна Македонија во НАТО.

По обраќањата на премиерот Оливер Спасовски, претседателот на државата – Стево Пендаровски, претседателот на Собранието – Талат Џафери и претставниците на пapламентарните партии, се обрати и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО – Атила Местерхази. По завршувањето на седницата, на јарболот пред Собранието свечено беше кренато знамето на НАТО, рамо до рамо со македонското.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема
- Реклама -