Едно идилично детско лето поминато подалеку од компјутерите

Како изгледа летниот одмор на децата, ако ја исклучиме технологијата со која што живееме денес?

Фотографката Изабела го има одговорт на ова прашања. Таа уште од 2012 година, започнала да работи на проект, кој се темелел врз фотографирање на нејзините деца и нивните братучеди за време на летниот одмор, и тоа, одмор поминат на село. Децата доаѓаат на ова идилично место секоја година, за да го поминат своето време без компјутер, интернет или PlayStation.

„Мило ми е што барем за миг можам да се вратам назад во времето на своето детство. Ги набљудувам, често учевствувам во игрите или дури самата им создавам забава. Тоа ме прави среќна…“, коментира Изабела.

Прочитајте и:  Како едно погрешно ажурирање ги сруши компјутерите низ светот?

Фотографката додава дека би сакала нејзините деца да уживаат во вакво безгрижно детство што е можно подолго. И зошто да не? Судејќи според фотографиите, спомените сигурно ќе бидат незаборавни.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27

 

- Реклама -