Од 2012 до 2016 година, осветленоста на планетата е зголемена и во квантитет, и во квалитет – за околу 2%, се наведува во истражувањето објавено во Science Advances.
Вештачкото осветлување (aka. светлосна загаденост) е присутно секаде во светот. Голем скок се бележи и во подрачјата кои до скоро имаа малку светло, се наведува во студијата која е прва од ваков вид и поконкретно се бави со ефектите од осветлувањето со LED светилките.
LED светилките, потсетуваат истражувачите, произведуваат иста количина светлина, но со помалку струја. Тоа од една страна доведе до намалување на трошоците на градовите за улично осветлување, но од друга страна – придонесе и за многу поголема осветленост.
Освен што тоа придонесува да заборавиме како изгледа темницата, има и негативен ефект врз луѓето. Имено, го пореметува биолошкиот часовник и сонот кај луѓето, што пак може да доведе до депресија, дијабетес или рак. Вештачката преосветленост исто така го загрозува и растителниот и животинскиот свет. Кај животните, на пример, го менува биоритамот слично како и кај луѓето, а кај растенијата – може да го попречува неопходниот период на мирување неопходен за преживување на зимата и повторно процветување во пролет.