Една од најголемите поп ѕвезди на денешницата ќе настапи во арената во Пула

реклама

Популарната пејачка Дуа Липа на 8 и 9 јуни ќе настапи во Пула Арена, пишува Istarski.hr.
„Пула Арена“ годинава ќе биде домаќин на уште неколку големи музички имиња како Аврил Лавињ, Симпл Мајндс и Лени Кравиц, а Дуа Липа е последното големо музичко име во серијата.
реклама
Таа е автор на хитовите New Rules, Levitating, One Kiss и неодамна објавениот Dance The Night, кој е саундтрак на познатиот филм за Барби, и последниот сингл Худини што го направи со Tame Impala.
Добитничка е на неколку големи награди, меѓу кои и три Греми.
реклама
Својата музичка популарност пејачката ја стекна со дебитантското издание на Дуа Липа, кое го зазеде третото место на британската табела за албуми.
Албумот, исто така, создаде неколку нејзини големи хитови – Be the One, IDGAF и New Rules, кој беше бр.1 сингл во Велика Британија во тоа време.
реклама

Извор