Ученици разговарале за реченицата на Лао Цу: “Оној кој знае, не зборува, а оној кој зборува, не знае.” – обидувајќи се да ја протолкуваат.
Кога пристигнал учителот, тие го прашале:
– Учителе, што значат овие зборови?
– Кој од вас знае како мириса розата? – им возвратил учителот со прашање.
Сите знале.
– Епа објаснете ми како – додал тој.
Никој не кажал повеќе ниту збор.
Антони де Мело “Една минута мудрост”