Во светот можеме да сретнеме најразлични методи и техники за дисциплинирање на децата во училиштата и стимулирање на нивната креативност. Практиката да се казнуваат деца да коленичат врз ситни камења или ориз е распространета во Кина и другите азиски земји.
Сега повторно упатуваме поглед кон далечната страна, за да се запознаеме со друг метод, администриран во училиштата.
Ако се прашувате што прават овие деца од сликата – не, тоа не е нов вид казна, туку децата само спијат.
Некои наставници им дозволуваат на учениците да спијат по 20 минути во текот училишниот ден, за да можат да учат подобро и да го разбистрат мозокот.
Дел од корисниците го делат мислењето дека ова е многу добра идеја и треба да се применува во сите училишта во светот. Други мислат дека ова е ужасен метод за стекнување континуирана работна навика, а трети сметаат дека ова е вистинско мачење за малечките деца.
Што мислите вие?