На најбараната модна забава на светот се собра светскиот крем, а славните убавици ги покажаа своите адути.
Кина беше инспирацијата на овогодинешната модна забава во Метрополитен музејот во Њујорк. Американската уредничка на „Vogue“ Ана Винтур собра голем број ѕвезди на МЕТ Гала забавата, а славните имиња ниту овој пат не разочараа- сериозно пристапиле на темата, и ја покажаа својата интерпретација на кинеско стакло, вазни, порцелан и црвена боја.
Сите застанаа кога на црвениот тепих се појави музичката ѕвезда Бијонсе која изгледаше подобро од било кога- ако воопшто е можно тоа. Славната дива некако секогаш успева да се надмине самата себе, па и овој пат носеше разголен и проѕирен фустан на Живанши, кој го откри нејзиното секси тело. Нејзиниот сопруг Џеј Зи гордо одеше покрај својата секси сопруга.
Интересно е тоа што само пред два дена излезе листа на најследени Инстаграм профили, а Бијонсе има најмногу фанови- 31,307,776. Зад неа е Ким со 31,239,384 фанови.
Иако секогаш е во центарот на вниманието, реалната ѕвезда Ким Кардашијан овој пат беше во втор план. Освен што носеше бел фустан од Роберто Кавали, на својот Инстаграм профил открила дека нејзина инспирација била Шер. Сепак, многумина забележаа дека носи сличен фустан како Бијонсе од минатата година. Нејзиниот сакан Канје Вест сликал неколку интересни фотографии кои подоцна ги споделил на Инстаграм.
Својата магија ја покажа и Џенифер Лопез која на црвениот тепих пристигнала во фустан на дизајнерката Донатела Версаче.
Секси пејачката Ријана буквално ја сфатила кинеската тема, па носеше златно жолта наметка која ги покри целите скали на МЕТ.
Инаку, колку оваа забава е престижна покажува и фактот што еден билет чини 25 илјади долари- и тоа со покана. Биле присутни и многу други ѕвезди како Амал и Џорџ Клуни, Сара Џесика Паркер, Лејди Гага, Селена Гомез, Џенифер Лоренс,… и многу други.