Една добра причина зошто баш гравче за ручек

Грашкот, боранијата, гравот – бирајте ја вашата омиелена манџа и јадете макар една порција на ден за да го намалите нивото на холестерол во крвта.

Освен тоа што е лесно да ги подготвите, манџите наводно се и начин да живееме долго. Според резултатите на најновото истражување манџите го намалуваат ризикот од холестерол и срцеви заболувања.

Се што ви е потребно е една порција на ден, иако постои еден непосакуван ефект – гасови. Но, кога вашите органи за варење ќе се навикнат, и тој проблем исчезнува.

Бонусот е и тоа што оваа намирница спаѓа меѓу најевтините, а му помага на нашиот кардиоваскуларен систем.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето
- Реклама -