Научниците претпоставуваат дека мекотелното суштество Turritopsis Nutricula со пречник од само четири до пет милиметри е единственото нешто на планетата кое има моќ да се подмладува.
Научниците претпоставуваат дека мекотелното суштество Turritopsis
Nutricula со пречник од само четири до пет милиметри е единственото
нешто на планетата кое има моќ да се подмладува.
Nutricula со пречник од само четири до пет милиметри е единственото
нешто на планетата кое има моќ да се подмладува.
За разлика од останатите видови медузи, кои обично изумираат по размножувањето, Turritopsis има способност од "израсната" фаза да се врати во "детската". Теоретски, тој цуклус може да се повторува до бесконечност, што потенцијално го прави суштеството бесмртно.
Turritopsis Nutricula е пронајдено во топлите тропски мориња, но научниците проценуваат дека врстата ја има и низ други региони.
Медузите и хидрите се веќе подолго време во центарот на вниманието на биолозите и генетичарите, кои се надеваат дека со помош на овие организми ќе ги дешифрираат тајните процеси на стареењето. Теоријата за "биолошка бесмртност" на хидрите се појавила некаде во 19 век. На биолозите им се добро познати и "бесмртните" ќелии способни во поволни услови да се делат бесконечно многу пати, што е пак, и експериментално докажано при крајот на деведесеттите години на минатиот век дека тие не умираат од старост.