Единствени и урнебесни: 27 работи што ги прават само Балканците

Ако за вас е нормално на свадбата да ви дојдат 600 луѓе, вие сте типичен Балканец.

Ако идете надвор од земјава на некое време и седите на маса со луѓе од различни делови од светот, едно е сигурно одма ќе забележите кој од нив е Балканец. Сите викаат Балканците се најдружељубиви и со уникатна смисла за хумор и забава. Во продолжение неколку карактеристики на народите од нашиот откачен полуостров.

1. Сте морале да да делите собата додека не наполнивте 27 години.

2.Се што јадете е зачинето со лук и кромид.

3.На аеродром обично имате најголеми куфери и жалите за половина од работите што сте морале да ги оставите дома, заради глупавите ограничувања со багажот.

4.На забава обично доцните еден час или два, зашто мислите дека тоа е нормално.

5.Сите деца имаат прекари кои не се ни најмалку слични на нивните вистински имиња.

IMG_0489LF

6.Кога излегувате од нечиј дом стоите пред вратата и разговарате уште саат време.

7.Мајка ви ви вели дека сте преслаби, иако имате 20 килограми вишок.

8.Куќата ви е полна со лекови кои се стари и со поминат рок.

9.Не знаете да користите машина за садови.

10.Вас и вашите пријатели некогаш ве исфрлиле од ресторан или ве опомениле бидејќи сте биле прегласни.

670px-Deal-With-a-Very-Loud-Person-in-a-Restaurant-Step-1

 

11.Имате стара и искината крпа во кујната.

12.Користите кеси од продавница за ѓубрето.

13.Вашиот татко барем еднаш заклал јагне во дворот.

14. Не се придржувате до рецептот кога готвите.

15. Разговорите дома се секогаш гласни.

srecni-ljudi-1411760604-48628

16. Ако не живеете со родителите ви се јавуваат секој ден да ве прашаат дали сте јаделе.

17. На вашата свадба нормално е да дојдат 600 луѓе.

18.Вашата сестра која има 15 години може да испие повеќе од кој и да е Американец.

19. Правите салата и пиете ракија за време на ручекот.

20. Ги имате сите најмодерни апарати,но мајка ви го користи стариот шпорет во подрумот.

10979630_822056904516455_810535065_n

21. Имате подобар автомобил од вашите родители.

22. Вашата иднина е запишана на дното од турското кафе и вие верувате во тоа.

23.Криете алкохол во куфер во пластично шише, под тони облека.

24.Се пронаоѓате во поголем дел од овие ситуации.

25. Мајка ви вели да затворите врата зашто ја убила промаја.

BtS5c90CcAALqiL

 

- Реклама -