Симон Мињоле е сè уште прв избор на Клоп. И покрај неколкуте бизарни грешки кои ги направи на голот на Ливерпул минатата година, а и потпишувањето на Кариус од Мајнц, Клоп најверојатно ќе се одлучи за Белгиецот.
Натаниел Клајн имаше одлична, цврста сезона и дефинитивно останува зацементиран на местото десен бек.
Даниел Стариџ придонесува многу за клубот. Процентот на постигнати голови во однос на минутажа е неверојатен, но сепак неговата подготвеност е под знак прашалник. Како и да е, тој останува на својата позиција и наредната сезона.
Фелипе Кутињо останува плејмејкерот на Ливерпул.
По феноменалната сезона на Вајналдум во Њукасел и плеснувањето сума од 25 милиони фунти, не можеме ни да помислиме дека овој играч нема да го гледаме во првиот тим.
Жоел Матип, сериозна замена за Мартин Шкртел.
Иако е под огромен притисок поради потпишувањето на Грујиќ, а и слабото прикажување на ЕУРО 2016, Хендерсон сепак би ја стартувал наредната сезона од теренот.
Емре Џан имаше одлични игри минатата сезона кои оваа му ги отвораат шансите за место помеѓу првите 11.
Не е ни сомнено дека Клоп прави сè за да донесе нов лев бек, како би го заменил Алберто Морено. Џетро Вилиамс од ПСВ е првиот пик на Клоп кој би му донел мир во куќата за само 13 милиони фунти.
Мамаду Сако имаше одлична, но и тешка сезона. По допинг скандалот и расчистувањето на ситуацијата, единствено што треба да направи е само да продолжи таму каде што застана. Најсилната карика во одбраната на Ливерпул.
И за крај, за многумина најсветлиот трансфер Садио Мане. За „само“ 43 милиони фунти, Мане ќе требада се бори за место во првиот тим со Лалана и со Роберто Фирмино. Речиси е сигурно дека Клоп ќе се одлучи за Сенегалецот… за таа пара…
Лани за Саутемптон, Мане имаше повеќе придонесени голови, отколку Лалана и Фирмино заедно.