Еди Рама: Без Албанците нема да има Северна Македонија

Во обраќањето на Вториот самит на албанската дијаспора, во Тирана, албанскиот премиер Еди Рама ги спомена и постигнувањата на Албанците во Северна Македонија.

„Не само Албанците во Албанија што се подобри денес од она што беа во времето на првиот самит, туку тоа што беше сметано за невозможно за Албанците во Северна Македонија денеска е реалност. Во овој временски период, во парламентот на Северна Македонија се зборува на албански јазик. Ние сме заинтересирани таа држава да постои, да напредува кон евроатлантските интеграции, и Албанците таму да бидат подобри денес и во иднина, отколку што беа вчера. Без Албанците нема да има Северна Македонија, а уште помалку Северна Македонија во НАТО или во ЕУ“, рече Рама.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

Зборувајќи за историскиот предизвик пред кој се наоѓа Косово, Рама го посочи и „најголемиот непријател на Албанците“. Тоа, според него, се самите Албанци. Повеќе на А1он.мк.

- Реклама -