Четири Светски, 24 меча, 16 гола – еден и единствен Мирослав Клосе
Во 20-тата минута од натпреварот на Мудијалот во Јапонија и Јужна Кореа во 2002 година, човекот кој ја носеше 11-ката на грбот ја затресе мрежата на Саудиска Арабија. Оваа победа не само што влезе во историјата со убедливите 8:0, туку и му го донесе првиот погодок на човекот кој 15 пати ги тресеше противничките мрежи на четири наредни мундиали (од 2002 до 2014 година).
Дванаесет години подоцна, 23 минута, гол за историјата и прво место на вечната листа на најдобрите стрелци во историја на Мундијалите. Колку долго ќе остане, ќе видиме. Но, како и да е, Мирослав Клосе одбележа една ера…