Eat This Much автоматски ја планира вашата исхрана

Eat This Much е интересна веб апликација која ќе ви помогне да ја планирате вашата исхрана врз основа на количеството на калории кои сакате да ги внесите и бројот на оброци во денот.

Вие ѝ го кажувате максимумот калории, колку оброци планирате да јадете а апликацијата ќе ви одговори со прехранбен план за денот. Ако ова ви звучи познато, тоа е бидејќи Eat This Much во основа е 2.0 верзија на Swole.me.

Новата верзија нуди неколку алгоритмички подобрувања (што значи дека нема да добиете чуден совет како – половина килограм сланина за доручек) и ви дозволува да додавата храна која ви се допаѓа.

Дури можете и да забраните одредена храна ако имате алергии или други потреби во исхраната. Ова е одличен начин за брзо планирање на оброците во денот кога немате време за одредување ан здрави балансирани опции.

- Реклама -