Е-цигара која ќе ви помогне да се одвикнете од пушење

e-cigarette_Има вкус на цигара, изгледа како цигара, испушта пареа, меѓутоа разликата е што таа не е опасна по вашето здравје.

e-cigarette_from_the_raw_feed

Има вкус на цигара, изгледа како цигара, испушта пареа, меѓутоа разликата е што таа не е опасна по вашето здравје.

Кинеска компанија и ја претстави на светот првата „електронска“ цигара која го имитира пушачкото искуство и се надева дека со неа ќе им помогне на пушачите да се откажат од оваа навика.

Цигарите се напојувани од батерии кои го пренесуваат никотинот до белите дробови за 7-10 секунди.

Цигарата се продава по $208 од парче, и е веќе достапна во Кина, Израел, Турција и сите останати европски земји.

Компанијата која стои зад овој продукт – Golden Dragon, покрај е-цигари произведува и мастики, лепенки и инхалери за пушачи.

Доколку ве интересираат електронски цигари, прочитајте ја и оваа ова сторија: Пушење 2.0:Цигари без дим.

- Реклама -