Ѕвезди со деформитети

Повеќе... Ѕвездите се идеализирани заради нивниот талент и убавина до таа мерка што имаат статус на божества и суперхерои од реалниот живот. Како контраст на таа слика, еве една топ листа на ѕвезди со малку необични телесни деформитети за кои не сте знаеле.


Ѕвездите се идеализирани заради нивниот талент и убавина до таа мерка што имаат статус на божества и суперхерои од реалниот живот. Како контраст на таа слика, еве една топ листа на ѕвезди со малку необични телесни деформитети за кои не сте знаеле.

10. Кејт Хадсон и Хали Бери имаат шест прсти
1243878785928.jpg

Најубавите жени во Холивуд имаат нобични стапала. Всушност, се работи за ретка медицинска состојба со име полидактилија што е предизвикана од генетска мутација, кога луѓето се раѓаат со дополнителен палец.

1243878732138.jpg

9. Лицето на Tina Fey со лузна
1243624437339.jpg
Обично прикриена со многу шминка, ретко кој ја забележал големата лузна на лицето на Tina Fey. Во едно интервју таа откри дека таа се должи на повреда во детството за која таа не сака да зборува.
8. Големата лузна на Падма Лакшми
1243624435085.jpg
Поранешната манекенка која себеси се опишува како „првата индиски модел кој направи кариера во Париз, Милано и Њујорк“ има голема видлива лузна на раката која ја добила после една тешка сообраќајна несреќа на 14-годишна возраст. Падма за прв пат почна да работи како модел два месеци пред несреќата. После тоа таа се сеќава како сите ја гледале како „убавина која е уништена“ и која никогаш нема да биде успешна како манекенка. Сепак, таа го надмина тоа и направи успешна кариера. Денес таа ја цени својата лузна зошто како што вели таа „ја прави личност со интересно минато и ја потсeтува дека може да преживее секаква болка“.
7. Лузната на Хоакин Феникс
1243624429281.jpg
Хоакин Феникс бил роден со очигледната лузна помеѓу носот и усната. Кај него се работи за [[Cleft_lip_and_palate|деформитет на устата]] т.н. расцепена уста.  
6. Лицето на Seal
1243624436218.jpg
Наспроти мислењето дека лузните на овој музичар роден во Нигерија се резултат на некој ритуал со оскатување, тоа не е вистинската причина. Се работи за кожна болест позната како discoid lupus erythematosus (DLE), за која Seal потврди дека ја имал како тинејџер.
5. Третата брадавица на Lily Allen
1243624433957.jpg
Некои велат дека третата брадавица на Lily Allen е пославна отколку Lily Allen. Британската поп ѕвезда истата не ја крие и е горда на неа. Научниците веруваат дека еден на 18-мина се раѓа со трета брадавица. Други ѕвезди со трета брадавица се Carrie Underwood и Mark Wahlberg.
4. 12-те прсти на Gemma Aterton
1243624428030.jpg
Оваа Бонд девојка е родена со по еден дополнителен прст на секоја рака. 23-годишната британска убавица оваа ретка медицинска состојба позната под името полидактилија ја добила по наследен пат. И нејзиниот татко и дедо биле родени со 12 прсти. Тие и биле отстранети после раѓањето.
3. Аштон Качер има поврзани прсти
1243624426627.jpg
Не само што Аштон Качер има пловна кожичка помеѓу прстите на нозете, тој неодамна и гo покажа тоа на едно британско ТВ шоу. Овој деформитет е редок (еден на 2.000) и влијае само врз изгледот на стапалото. Нема влијание врз движењето, ниту пак го прави човекот кој ги има подобар пливач. Може да се отстрани преку операција, но нема потреба од тоа.
2. Каролина Куркова нема папок
1243624430468.jpg
Каролина Куркова е една од најубавите жени на светот, супермодел, заштитно лице на Викторија Сикрет и неодамна беше прогласена за најсекси жена на светот. Таа е совршена на секој можен начин, освен што и фали папок. Според некои извори, тоа е се должи на операција од детството која тргнала наопаку. Секогаш кога Каролина позира во долна облека или во костим за капење, мора дигитално да и се додаде папок.
1.Меган Фокс има чудни палци
1243625225985.jpg

Покрај нејзината убавина, сигурно никој не помислил одблиску да и ги погледне палците. Но доколку некој би го направил тоа, навистина би се изненадил. Нејзините палци се кратки и дебели што се должи на генетски деформитет кој се нарекува Brachydactyly type D или BDD, каде коската на крајот на палецот е пократка од тие на другите прсти.

 1243870210805.jpg

- Реклама -