Државниот завод за статистика ќе ја тужи ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата – Христијан Мицкоски, за неговата изјава дека во ДЗС се фабрикувале извештаи по нарачка на Владата.
Од Заводот демантираат и целосно ги отфрлаат шпекулациите на Мицкоски како неточни и лажни и потенцираат дека ДЗС е професионална и независна институција чија работа е под постојан мониторинг и евалуација на Евростат, како и дека и економските и монетарните статистики истовремено се и под мониторинг на ММФ.
За изнесените клeвeти на прес-конференцијата одржана на 25 октомври, Државниот завод за статистика ќе поднесе тужба Мицкоски и до ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението.