Од 18-ти до 22 октомври во Скопје ќе се одржи реномираниот филмски фестивал „Џифони Македонија” на кој учество ќе земат деца од Македонија, како и деца од 10 земји во регионот.
Во рамки на фестивалот покрај делот во кој учесниците ќе гледаат филмови од специјална селекција за нивна возраст, да дебатираат за филмовите и да гласаат за најдобриот, ќе се одржат и едукативни работилници наменети за развој на детската имагинација и свест.
Покровител на работилниците за изработка на видео игри, фотографија како и снимање на краток филм е Seavus едукативниот и развоен центар.
Покрај покровителството, дел од работилниците како гости предавачи ќе бидат и врвните професори кои се дел од едукативниот и развоен центар.
Seavus едукативниот и развоен центар е по традиција активно вклучен и постојано дава поддршка на настани кои придонесуваат за развој на информатичката технологија и зголемување на свесноста кај младите за бенефитот кој би го имале доколку се одлучат да се образуваат во оваа област.