Веќе никој од модниот свет не се сомнева во дизајнерскиот талент на Џесика Симпсон. Доказ за тоа е успешната продажба на нејзините претходни колекции на облека и обувки.
Идејата за создавање на линија за бремени, Симпсон ја имала од одамна. Сега, кога го очекува своето второ дете, колекцијата ја виде светлината на денот.
Всушност кој би знаел подобро од бремената Симпсон дека удобната, но и истовремено тренд облека е императив за жените во блажена состојба. Токму затоа, таа во сопствената колекција акцент им дава на природните материјали и практичните модели. Од боите приоритет им е дадено на пастелните тонови, но и на јаките нијанси затоа што се наменети за пролетните и летните денови.