Џејн Остин, писателката чии дела, исполнети со страшен реализам и добро осмислени коментари за недостатоците на општеството при преодот од 18 во 19 век, ја направија еден од најчитаните автори во англиската литература, сепак имала помош при пишувањето.
Џејн Остин, писателката чии дела, исполнети со страшен реализам и добро осмислени коментари за недостатоците на општеството при преодот од 18 во 19 век, ја направија еден од најчитаните автори во англиската литература, сепак имала помош при пишувањето.
Професорката по англиски јазик од Универзитетот Оксфорд, Катрин Сатерленд, направила лингвистичка анализа на необјавените ракописи од славната англиска писателка и открила некои аномалии во однос на издадените дела. Откако проучила преку 1100 страници во ракопис, таа заклучила оти изјавата на братот од Џејн Остин, Хенри, оти „сѐ излегло завршено од нејзиното перо“ е неточна.
„Читајќи ги ракописите, стана јасно дека недостасува деликатната прецизност“ изјавила Сатерленд. „На хартијата имаше многу дамки, прешкртани делови и голема несреденост. Сѐ укажува дека се работи за писател што има прекршено најголем дел од правилата за добро пишување на англиски јазик“.
Високиот и чист стил со кој се одликуваат подоцнежните дела, „Ема“ и „Убедувања“, недостасувале во ракописите. Според писмата од издавачот на Остин, уредникот на делата, Вилијам Гифорд имал голема улога во средувањето на нередот.
Гифорд не работел на „Разум и чувства“ и „Гордост и предрасуди“, па така нивниот стил е многу поблизок до оној што се сретнува во необјавените ракописи, иако недоследностите во овие дела, до сега, најчесто му се припишуваа на лошото печатење.
Професорката Сатерленд изјавила оти ова откритие воопшто не треба да ја наруши репутацијата на писателката што умрела релативно непозната, но која подоцна стана еден од најсаканите автори во Велика Британија. Необјавените ракописи покажуваат оти се работи за писателка што сакала да експериментира и дека нејзиното чувство за пишување дијалози е дури посилно во сировата верзија, отколку што е во преработената, порафинирана верзија. [Academic: Jane Austen had helping hand from editor]